Privacy Polices

ПОЛИСА НА ПРИВАТНОСТ - ОПШТИ ОДРЕДБИ

Здраво! Штом си тука, најверојатно се интересираш за сигурноста на информациите кои што ги споделуваш со нас.

Би сакале уште на почеток да те увериме дека мразиме спам исто колку и ти.

Felice Pasta во ниту еден случај нема да дозволи споделување и злоупотреба на информациите кои што се споделени при порачка направена на веб страната www.felice.mk.

Кратка верзија

Што ќе направите со мојата е-mail адреса, физичка адреса и телефонски број?
Примарно, овие информации ќе се искористат за испорака на направената порачка и комуникација поврзана со неа.

Исто така, возможно користење за дополнителна комуникација со цел:

- Контрола на квалитет
- Новини кои што Felice Pasta сака да ги сподели со тебе.

Твојата приватност ја сфаќаме многу сериозно и ќе направиме се што е во наша моќ за да ја заштитиме и негуваме.

Во случај информациите кои што ќе бидат испратени до тебе да не соодвествуваат со твоите потреби, ќе те замолиме да го отстраниш твоето членство преку линк којшто може да биде најден на крајот од секој добиен email. Во случај на проблем со оваа активност, контактирај не на zdravo@felice.mk.