Home Page

ДНЕВНА ДОЗА СРЕЌА (FELICITA) СПАКУВАНА ВО ВКУСНА ПАСТА

Ручек време? Најдобар дел од работниот ден, нели? Види го менито и нарачај ги порциите со коишто сакаш да ти пратиме доза среќа денес.

//dev.3pdevelopment.net/felice/wp-content/uploads/2018/02/Group-4-4.png

"20" ПОРЦИИ ВКУСНА ПАСТА СВЕЖИ САЛАТИ И ПАНИНИ СЕНДВИЧИ ПО АВТЕНТИЧЕН ИТАЛИJАНСКИ РЕЦЕПТ

Секој ден имаш можност да избереш и уживаш во нашите различни специјалитети. Посебно препорачуваме да ги поканиш и колегите/пријателите да ти се придружат во нарачката.

НАПРАВИ НАРАЧКА ВО 2 ЛЕСНИ ЧЕКОРИ

Со цел да бидеме местото од каде што ќе ти биде задоволство да нарачуваш, го креиравме најбрзиот и едноставен процес на нарачка. Еве како функционира:

1. Избери порции

2. Кажи ни каде да ги доставиме

Потоа, преставник на Felice Pasta ќе ти се јави во рок од 5 до 10 минути за да ги потврди деталите.

//dev.3pdevelopment.net/felice/wp-content/uploads/2018/02/Group-5-4.png

Паста љубов

Што нашите "FELICE" паста љубители велат за пастата што ќе ја нарачаш:

 

Дамјан Димовски

"Пред да порачам, имав дилема - дали ќе ми се допаѓа сосот? Сега, можам да кажам дека сосовите во Felice се многу, многу вкусни - правилно приготвени и одлично одговараат со тестенините со кои се сервирани."

Кристина Блажевска

"Бел или црвен сос... и ќе биде ли сосот направен по мој вкус? Ги открив Felice и тука заврши мојата потрага по паста со добар сос. Сега имам повеќе причини да застанувам на првите семафори пред Соборна."

Сашо Јадровски

Секогаш кога сакам да порачам храна за на работа од ново место, си мислам дали ќе биде вкусно? На моја голема радост, беше вкусно првиот пат, а и секој нареден. Дефинитивно најдобрите тестенини во градот!

КАЖИ НИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ

За да направиме да се чувствуваш уште посреќно на работа (или дома, во парк, на излет...) навистина ќе ни биде мерак да се запознаеме подобро. Пиши ни!

ШТО ДА ЗГОТВИМЕ ЗА ТЕБЕ ДЕНЕС ?

Пред да ни кажеш, сакаме да знаеш дека пастата прави да се чуствуваш среќно, бидејќи е одличен извор на протеини без масти. Протеините содржат две амино киселини: триптофан и L-фенилаланин. L – фенилаланинот овозможува производство на ендорфин – главниот и одговорен уредник на чувството за среќа. Затоа, кликни го зеленото копче и биди felice денес !